Скопје

Богоев не отфрла можност Јакимовски да се врати со СДСМ, но нема таква најава

„Не е превземено ништо, ниту за во блиска иднина за Стевчо Јакимовски да се врати во СДСМ“. Вака Стефан Богоев од СДСМ одговори на прашањето дали градоначалникот на Карпош ќе биде повторно со нив во коалиција. Тој не ја отфрла можноста за во иднина. Според него, вратата е отворена и за пратеникот на ГРОМ, Пренџов.

„Во политика е многу наивно ако било која можност ја отфрлам. Но нема таква најава. Одлуката на партијата, на Мицковски, Јакимовски не можам да ги коментирам детално. Си имаат свои причини. Мене ме загрижуваат две работи, првата е она што го кажа Јакимовски за рекет, проневери, црвени и сини фактури. И втората работа која ме загрижи е изјавата на бизнисменот кој рече дека и нему му се случило тоа што го кажа Јакимовски. Тука треба да се реагира и од институциите“, кажа Богоев за „ТВ24“

Според Богоев, тој и Јакимовски имаат различни и замисли за Карпош, па смета дека градоначалникот не припаѓа природно во СДСМ.

На почеток