„Северодонецк ќе стане следниот Мариупол“, Русите им испраќаат заканувачки пораки на украинските војници
Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина.
Руските сили ја зголемуваат употребата на психолошки и информативни операции со цел да го нарушат моралот на украинските војници.
На 8 јуни, украинската Централна разузнавачка агенција (ГУР) објави дека руските сили испраќаат заканувачки пораки до личните уреди на украинските војници, барајќи од нив да го остават оружјето, да се предадат или да застанат на страната на Русија.
ГУР објави дека руските сили испраќале пораки на различни платформи, вклучувајќи СМС, Телеграм, Вибер, Сигнал и Ватсап, и дека пораките се заканувале да им наштетат на украинските војници или членовите на нивните семејства.
Украинскиот воен експерт Дмитро Снегиров истакна дека руските пропагандисти спроведуваат информативни и психолошки кампањи со цел да го нарушат моралот на украинските војници ширејќи информации дека Северодонецк ќе стане „следниот Мариупол“, пренесува Index.hr.
Украинската јужна оперативна команда извести дека руските воени сили на Крим ги фалсификуваат резултатите од задолжителните лекарски прегледи извршени за време на воената служба со цел да го зголемат бројот на регрути.
Руската полиција уапси маж кој фрли молотов коктел и ја запали зградата на локалната власт на Крим во знак на протест против инвазијата на Украина, што веројатно укажува на зголемено незадоволство од руските воени напори на Крим.