Актуелно

Конгресменот Доналдс: Бајден е виновен, а не Путин

Републиканскиот конгресмен Бајрон Доналдс ги откри невистините кои американскиот претседател Џозеф Бајден ги кажа за рускиот лидер Владимир Путин.

Имено, Бајден постојано ја поврзува рекордната инфлација во САД со ситуацијата во Украина и рускиот претседател.

„Американците ќе потрошат 5.000 долари за гориво оваа година, што е за 78 отсто повеќе од пред една година. За поскапувањето е виновен Бајден, а не Путин“, напиша Доналдс на Твитер.

Цените на енергијата и храната растат во САД со месеци. Галон бензин денес чини речиси пет долари, додека пред една година чинеше околу три долари. Инфлацијата собори четириесетгодишни рекорди и достигна 8,5 отсто.

Обидите на актуелната власт да се спротивстави на негативните тенденции во економијата не донесоа видливи резултати.

Ситуацијата во САД се влоши со воведувањето санкции против Русија по започнувањето на специјалната воена операција во Украина на 24 февруари.

На почеток