Османи не го поканил Додик во Охрид
Српскиот политички лидер од БИХ, Милорад Додик, не доби согласност на неговото барање да присуствува на Форумот за дијалог – Преспа Форуморганизиран од Министерството за надворешни работи во Охрид од 16 до 18 јуни.
Босна и Херцеговина најави присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.
На Форумот за дијалог во Преспа ќе присуствуваат високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседателот на Словенија, Мирослав Лајчак (ЕУ), Стјуарт Пич (Велика Британија), Мануел Саразин (Германија) и Габриел Ескобар (Соединетите Американски Држави).
Официјални лица го инфоирмирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на форумот во Преспа.
„Стигна порака од главниот град на Северна Македонија: Извинете, не сте добредојдени“, пишува politicki.ba.