Канада го укинува тестирањето по случаен избор на аеродромите
Од
Објавено на
Канада од утре ќе го укине случајното тестирање за ковид-19 на сите свои аеродроми, соопшти денеска канадската влада.
Суспензијата ќе важи до крајот на јуни, за да им се олесни на патниците да чекаат на аеродромите во последните неколку недели, соопшти владата, пренесе Ројтерс.
Поради недостиг на персонал на аеродромот Пирсон во Торонто, патниците веќе неколку часа чекаат безбедносни проверки.