Свет

На езеро пронајдено тело на маж, полицијата верува дека бил распарчен од алигатори

Полицијата во американската сојузна држава Флорида соопшти дека на паркот Лејк Тејлор е пронајдено тело на маж, најверојатно убиен во напад на алигатор.

Полицијата, според АП, претпоставува дека човекот во езерото барал фризби кога се случил нападот.

Полицијата претпоставува и дека се работи за напад од алигатор, бидејќи Шон Мекгинис немал три екстремитети кога било пронајдено неговото тело.

Портпаролката на полицискиот оддел Ларго, Меган Санто, во е-пошта до АП рече дека конечниот извештај за смртта на Шон Мекгинис ќе биде завршен за два месеци.

Мекгинис (47) беше пронајден мртов на 31 мај во паркот Лејк Тејлор. Не е јасно дали Мекгинис прв се удавил, имал здравствен проблем или бил убиен од алигатори, но Санто рекол дека му биле откорнати три екстремитети.

Властите фатија два алигатори, но кај нив не беа пронајдени човечки екстремитети, додава АП.

На почеток