Франција е подготвена да учествува во деблокирањето на пристаништето Одеса
Франција е подготвена да учествува во операцијата за деблокирање на пристаништето Одеса, соопшти денеска Елисејската палата.
– Подготвени сме да учествуваме во операцијата што би ни овозможила целосно да го вратиме пристапот до пристаништето Одеса, за да може таму да се испраќаат бродови и покрај тоа што таму е миниран морскиот простор – изјави извор од францускиот администрацијата на претседателот, објави РИА Новости.
ОН постојано истакнуваат дека постои закана од криза со храна поради недостигот на жито, Западот ја обвини Русија дека се противи на испораката на украинското жито на светските пазари, додека Москва категорично ги отфрла таквите обвинувања.
Во исто време, самите украински власти создадоа бројни пречки за извозот на жито: покрај сега откриеното горење на жито во пристаништето Мариупол, украинските војници го минираа Црното Море, што го оневозможи транспортот на жито со брод до светските пазари.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема проблеми со извозот на жито од Украина и дека Русија не се меша во тоа.
Ако Украина ги исчисти пристаништата од мини, бродовите со жито ќе можат да заминат без никакви проблеми, рече тој.