Свет

Напад со нож на универзитет во Германија, четири лица се повредени

Четири лица се повредени во напад со нож на Универзитетот Хам-Липштад во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Во соопштението на полицијата во Хама се наведува дека осомничениот е уапсен, а од жителите во тој реон било побарано да не се движат на местото каде што се случил нападот.

Нападот се случил вчера околу 15 часот и 30 минути по локално време.

Лекарите се уште не ја прецизираат здравствената состојба на четворицата повредени од кои три жени и еден маж.

На почеток