МВР на Црна Гора го замрзна имотот на 34 руски државјани
Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека се замрзнати 44 имоти на 34 руски државјани чии санкции беа претходно воведени.
МВР во соопштението наведува дека денеска го „направиле првиот чекор“ „на линијата на стопроцентно усогласување на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“.
Како што се објаснува во соопштението, за 44 недвижности Катастарот и Управата за државен имот донеле соодветни решенија со кои се ограничува располагањето со имотот во Црна Гора на овие лица.
„Црна Гора решително ги исполнува преземените обврски со усвојување на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки и само десет дена по средбата со првиот човек на Одделението за Црна Гора и Србија во Генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија, Мајкл Милер и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора Оан Кристин, цврсто ставивме до знаење дека нашата институција ќе постигне значајни резултати на ова поле, го покажуваме тоа“, наведуваат од црногорското МВР.