Актуелно

Лавров: За танго се потребни двајца, а самиот Запад игра брејкденс

Министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Организацијата на Договорот за колективна безбедност усвоија декларација за принципот на неделивост на безбедноста.

Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој додаде дека Москва се уште е за дијалог со Западот, но дека наместо „танго“, тие играат брејкденс.

Претходно, генералниот секретар на ОДКБ Станислав Зас изјави дека денеска во Ереван шефовите на дипломатиите на земјите од ОДКБ за време на состанокот на Советот на министри за надворешни работи, ја поддржале улогата на Советот за безбедност на Обединетите нации во одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, пренесува Дан.

„Во рамките на ОДКБ за првпат е усвоен принципот на обезбедување еднаква и неделива безбедност, кој предвидува ниту една страна да не ја зајакне својата безбедност на сметка на безбедноста на која било друга страна“, посочи Лавров.

Како што истакна, овој принцип бил дел од основите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но западните земји категорично ја отфрлија неговата примена во пракса.

„Денес ја потврдивме нашата посветеност на овој принцип не само во рамките на ОБСЕ, туку и во однос на развојот на целата меѓународна ситуација, особено затоа што тврдењата за неделивоста на безбедноста сега се релевантни во индо-пацифичкиот регион“, додаде министерот.

Лавров посочи дека на сите им станало јасно дека НАТО не може да одлучува за судбината на Европа.

Мислам дека на сите веќе им стана јасно дека не можат да одлучуваат за судбината на Европа, изјави Лавров пред новинарите, додавајќи дека Москва се уште е отворена за дијалог со Европската унија.

„Но, за танго се потребни двајца, додека нашите западни партнери сами изведуваат брејкденс“, посочи Лавров.

На почеток