Актуелно

До крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ нема да постои како партија, вели Палевски

До крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ нема да постои како партија, предупредува Љупчо Палевски во денешната епизода на Тешки муабети, објаснувајќи го процесот што според него ќе се случи за бришење на партијата.

– “Се согласувам со Мицкоски дека има политички монтирани случаи, но тие не реагираа кога имаше политички монтирани случаи и за други што не се ДПМНЕ, плачат само кога е шампитата во прашање.

Еве ова е предупредување, до крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избришана од списокот на политички партии.

Спојот од Талир 2 и Плацеви на Водно ќе доведе до прогласување на партијата за злосторничко здружување, кога ќе ја донесе таа одлука Кривичниот суд, ВМРО-ДПМНЕ ќе престане да постои како партија. И ова е добронамерно предупредување, не сакам да се случи тоа”, вели Палевски.

На почеток