Српски фолк пејач убиен во Холандија
Од
Објавено на
Фолк пејачот од Нови Пазар, Енвер Мики Колашинац е убиен рано утрово во Холандија.
Според неофицијални информации, непознатиот сторител чекал во раните утрински часови, а потоа со неколку истрели го убил Колашинац.
Колашинац живеел во Нови Пазар, а повремено престојувал и во Холандија и Австрија.
„Брате мој, прерано ја примив веста дека не напушти, дека те убиле проклетите. Душата ми е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега си во тој свет со нашиот татко, “, напиша неговата сестра Ајша на социјалните мрежи,
Мотивот за убиството не е познат.