(ВИДЕО) Ковачевски продолжи со гафови, јавноста го споредува со Мистер Бин
Нов гаф на премиерот Димитар Ковачевски кого јавноста го нарекува Таче, кружи на социјалните мрежи. Овојпат станува збор за исечок од видео, за време на литургијата во Вселенската партијаршија.
Додека ја слушаше литургијата, Ковачевски беше заинтересиран дали работи микрофонот. Па така, додека стоеше, прво погледна наоколу, по што, потчукна на него за да провери дали е вклучен.
Овој негов чекор многумина го споредија со најпознатите моменти на Мистер бин. Па така, се коментираше и: „Прва епизода од Мистер Бин“.
Други пак, сметаат дека Ковачевски веќе има страв од камери и микрофони, откако неколкупати досега беше уловен со гафови кои сериозно влијаеа на неговиот кредибилитет.