Свет

Британија: Русија ќе мора или да направи амбициозни споредни акции, или да изврши напади преку реките

Воените операции за преминување на реките во наредните месеци најверојатно ќе го одредат текот на војната во Украина, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Во последниот извештај се наведува дека клучот е во 90-километарскиот централен сектор на руската линија на поделба во Донбас, кој се наоѓа западно од реката Северен Доњецк.

За да постигне успех во сегашната оперативна фаза во офанзивата на Донбас, Русија ќе мора „или да направи амбициозни споредни акции, или да изврши напади преку реките“, пишува Гардијан.

Украинските сили честопати успеваат да уриваат мостови пред да се повлечат, додека Русија се бори да воспостави сложена координација потребна за успешно преминување на големи реки под оган, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана.

На почеток