Македонија

Ќе има ли огромно зголемување на цените на парно греењето

Трите лиценцирани компании на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија прикажаа три пати поголеми трошоци за 2022 до Регулаторната комисија за енергетика, пишува  Фактор 

Во барањата за одобрување на максимален приход и цена за 2022, БЕГ Производство од 27 мај бара да му се признаат трошоци од 3.399.409.230 денари, односно 54 милиони евра, додека за минатата година барањето било 759.254.478, или 12,5 милиони евра. Ланската пресметка е нешто помалку произведена енергија, но сепак разликата во трошоците и натаму е голема.

БЕГ Дистрибуција бара признавање на трошоци од 60 милиони евра, додека ланското барање на крајот од пролетта 2021 било 25 милиони евра. БЕГ Снабдување бара да му се признае најголем трошок – 68 милиони евра, што е за 40-тина милиони повеќе од ланското поднесено барање.

Од БЕГ признаваат дека вака поднесените трошоци ќе предизвикаат зголемување на цената на парно греењето и се создаваат услови за летно поскапување.

Целиот текст можете да го прочитате на тука

На почеток