(ФОТО) Падна таван на градинка во Скопје
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави фотографии од паднат таван во градинка во Скопје. Тој вели дека среќа е што овој инцидент се случил за време на викенд кога немало никој во градинката.
„Среќа во несреќа е што во градинката “Мајски цвет” (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.
Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалутетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот.
Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, стои во објавата.