Свет

Папата Франциско: Војната во Украина можеби е испровоцирана

Папата Франциско утринава ја коментираше војната во Украина која трае повеќе од 100 дена, а нема индиции дека таа би можела наскоро да заврши.

Тој рече дека извештаите за руска употреба на платеници во Украина се „монструозни“, додавајќи дека конфликтот „можеби на некој начин бил испровоциран или не бил спречен“. Тој ги опиша руските сили во Украина како „диви и сурови“ и додаде дека „Украинците се борат за опстанок“.

Папата исто така одби да прави разлика меѓу „доброто и злото“ во војната во Украина, пренесува италијански Ла Стампа.

На прашањето дали го поддржува рускиот претседател Владимир Путин, папата одговори: „Не, не го поддржувам, но се противам на намалување на сложеноста на разликата меѓу доброто и злото“.

Папата Франциско додаде дека се надева дека ќе се сретне со патријархот Кирил, водачот на Руската православна црква, во Казахстан во септември.

На почеток