Македонија

„Влада која крши процедури нема кредибилитет да казни некого за кршење процедури“, велат Независни за Карпош

Почитувани граѓани, поради неусвојување на сомнителна завршна сметка е настаната криза во Советот на Општина Тетово поради која се заканува распуштање на Советот и распишување на нови избори. Тоа е и обид да се отстранат независните советници од иницијативата „За подобро Тетово“, велат од Независни за Карпош

„Независни за Карпош ги поддржуваат колегите од Тетово и ја споделуваме нивната загриженост дека ќе дојде до прекршување на Законот за локална самоуправа доколку се случи распуштање на Советот:

    • Владата на РСМ го прекрши рокот за одлучување дали Советот на општина Тетово ќе оди на вонредни избори токму поради прекршување на законските рокови од страна на истата.
    • Закон за локална самоуправа, член 76, став 2.
    • Затоа, секој чекор што ќе го преземе после ова Владата на РСМ нема да може да носи никаква тежина. Подобро за Тетово смета дека извршната власт денеска го загуби законското и моралното право да одлучува за општина Тетово.
    • Неoфицијално дознаваме дека оваа точка ќе се става на дневен ред утре. Ја потсетуваме Владата дека одлука донесена со кршење на законските процедури е еднакво на 0, односно без правна сила. Подобрo за Тетово ги повикува надлежните институции да ги преземат неопходните мерки, односно да ја спречат Владата на РСМ од можни законски прекршувања!
      Подобро за Тетово продолжува со работата за #Тетово
      И покрај неодамнешните настани со Советот на општина Тетово, потсетуваме дека на ноемвриските избори листата Подобро за Тетово донесе нов дух. Тетовци првпат гласаа за листи со кандидати со објавени биографии, предизборни програми и конкуренти личности.
    • Иако со само двајца советници, успеавме да го зголемиме нивото на транспарентност и отчетност во општината преку нашиот договор со градоначалникот Касами и со негова директна помош. Тетовци денеска ги следат седниците на советот ВО ЖИВО и општина Тетово веќе има веб-страница како што доликува.
    • Притисокот на двајцата советници на „Подобро за Тетово“ и експертите на нашата листа одиграа клучна улога во суспендирањето на урбанистичкиот план Шик-Јелак. Тетово денеска нема контроверзен бизнисмен во градот!
    • Културата на отчетност која по секоја цена се обидовме да ја воспоставиме во општина Тетово, направи денеска покрај вообичаените седници на советот, да има и снимање на вонредни тематски седници на советот, со речиси сите кои располагаат со парите на граѓаните.

Ние го сакаме најдоброто за Тетово, затоа:
Потсетуваме дека сите приходи од платите на советниците, членовите на комисијата и членовите на одбори ги дониравме за следните намени:
50 корпи за отпадоци
Поддршка за жени жртви на семејно насилство
Стипендии за студенти
За семејства во потреба“, се вели во објавата.

На почеток