„По којзнае кој пат Јакимовски ги изневери очекувањата на жителите, не се сменил!“, Јоци за градоначалникот


Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци смета дека како што се распаѓа градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, така се распаѓа и општината. Таа смета дека тој не е променет и дека ги изневерил граѓаните.
„Се распаѓа Стевчо, се распаѓа и Карпош. Нема подобра симболика за него од оваа фотографија, со урнат кров врз глава, откако по којзнае кој пат Стевчо Јакимовски ги изневери очекувањата на гласачите/жителите и реши да ги следи сопствените приватни интереси. Искрено, криво ми е што воопшто поверував дека ете – се сменил на подобро и дека ќе сака да го заврши мандатот пред пензија како една успешна прикаска за колективната меморија. Нормално, не! Луѓето не се менуваат, само времето им ги потенцира брчките. А, што убаво не му праев муабет 8 години!“, напиша Јоци.
Таа сподели фотографија од него, каде над градоначалникот има срушен таван, а тој гледа низ дупката. Таа смета дека таа е симболика е многу значајна.
