Британско разузнавање: Русија ќе ги зголеми трошоците за армијата за 600 до 700 милијарди рубљи
За прв пат по неколку недели, руските сили постигнаа помал напредок околу градот Харков во североисточна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.
Исто така, британското разузнавање проценува дека Русија ќе ги зголеми трошоците за армијата за 600 до 700 милијарди рубљи, што ќе го зголеми нејзиниот воен буџет за 20 проценти.
Во последниот извештај на британското Министерство се наведува и дека главните руски оперативни напори остануваат фокусирани на офанзивата во Северен Доњецк во Донбас, а западните сили на руската армија постигнале помал напредок во секторот Харков, за прв пат по неколку недели, пренесува Гардијан.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 14 June 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/yLAMUTwSGK
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/R1qjlpdsue
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) June 14, 2022