Свет

(ВИДЕО) 10 годишно момче со денови заробено во бунар, лошите временски услови ја отежнуваат спасувачката операција

Спасувачите во Индија се обидуваат да извлечат десетгодишно глувонемо момче од бунарот во кој паднал пред четири дена.

Рахул Саху во петокот паднал во бунар додека си играл во дворот на неговата семејна куќа.

Спасувачките екипи со багери се обидуваат да ископаат тунел до бунарот, широк едвај еден метар.

На терен се и припадници на армијата и секторот за вонредни состојби, кои исто така помагаат во спасувачката мисија.

За жал, лошите временски услови, отровните змии и скорпии кои беа ископани при копањето на тунелот дополнително ја отежнуваат спасувачката операција.

Според официјалните лица, Саху „добро реагирал“ на спасувачите и неговата состојба ја следат со камера.

– Отежнувачка околност е тоа што момчето не слуша и не може да зборува – изјави за AFP началникот на полицијата Виџај Агравал.

Тие со помош на цевки се обидуваат да му донесат кислород на момчето, а багерите наишле на карпеста површина под земја, што им го отежнува копањето.

На почеток