„Шолц мора да одлучи“, Зеленски го повика германскиот канцелар да го поддржи Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да покаже јасна поддршка за Украина.
Зеленски во интервју за германската телевизија ЗДФ рече дека Германија не треба да се обидува да ги балансира своите интереси меѓу Украина и односите со Русија, пренесува Би-би-си.
– Ни треба уверување од канцеларот Шолц дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да одлучат, не може да има компромис меѓу Украина и односите со Русија – изјави украинскиот лидер.
Германскиот канцелар ја бранеше Германија од обвинувањата дека нема да и го испорача оружјето што и го вети на Украина.
Според Шолц, пред да биде испорачано модерното оружје во Киев, украинските војници треба да бидат обучени како да го користат.