Само во првиот квартал јавниот долг пораснал за 35 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ
Македонија секој ден е се позадолжена, а СДСМ и ДУИ велат долгот е помал, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Само во првиот квартал јавниот долг пораснал за 35 милиони евра.
Долгот во апсолутен износ е најголем од независноста на Македонија до сега.
СДСМ лаже и манипулита со процентот на долгот од БДП, кој го имаат нереално предвидено.
СДСМ и ДУИ се обидуваат да манипулираат со намален јавен долг, а тоа е затоа што проектираниот номинален БДП за 2022 година е зголемен заради зголемените цени.
Едноставно кажано Македонија е задолжена повеќе од било кога, а СДСМ се фали дека процентот паднал.
Реалноста е дека СДСМ и ДУИ не спроведуваат никакви успешни политики, и нема никаква фискална консолидација. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.