Македонија

Не е продолжен притворот на Ламбе, но одземен му е пасошот

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе Алабаковски. На пејачот не му е продолжен притворот за кривичното дело предизвикување на општа опасност за кое се товари, но, како што рече неговиот адвокат Дарко Стефановски, како мерка на претпазливост одеземен му е пасошот.

Тој на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре везната врата.

Алабаковски пријавил дека му го украле велосипедот, истиот со кој отишол до бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ чии врати ги полил со течност и запалил. Сепак, велосипедот не бил украден бидејќи МВР објави дека бил најден во домот на Ламбе при претресот.

На почеток