Магазин

Ламбе проговори за палењето на бугарскиот клуб: Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив

За прв пат во јавноста откако се случи палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, пејачот Ламбе Алабаковски, во Бомбакис поткаст, зборуваше за тоа што го мотивирало да го стори тој чин.

Алабаковски бил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот во Бомбакис поткастот.

На почеток