Магазин

Златниот антички наод од неготинското село Тремник изложен во Археолошкиот музеј

До 13 август, златниот антички наод од неготинското село Тремник ќе биде изложен во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија.

Од Музејот во Неготино информираат дека се презентирани 30 фотографии, на кои е претставен златниот наод пронајден на археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ во Тремник во 2008 година.

Накитот датира од 4-3 век пред наша ера, а на фотографиите се претставени повеќе други златни предмети.

На почеток