Македонија

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Пратеникот Скрендер Реџепи повеќе нема да делува како дел од партијата Алтернатива туку како независен.

Реџепи денеска до претседателот на Собранието Талат Џафери доставил известување во кое се вели дека тој од сега натаму ќе дејствува како независен пратеник.

Со ова, Алтернатива во парламентот ќе остане со тројца пратеници.

Инаку Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА.

На почеток