Концерт на Фатос Керимај и Златко Ориѓански во Тирана
Од
Објавено на
Вчера вечер во организација и со финансиски средства од општина Тирана, се одржа голем концерт на двајца композитори, Фатос Керимај и Златко Ориѓански.
Првиот од Тирана, вториот од Скопје, секој со половина час своја музика, изведена од симфонискиот оркестар „Hybrid symphony“ составен со музичари од Атина, Тирана и Приштина.
Керимај беше диригент, оркестарот изведе дел од неговата филмска музика, Ориѓански се претстави со дел од музиката за ,,Пред дождот“ и музика пишувана за театарските претстави на Слободан Унковски.