Магазин

Промоција на поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски која ќе се одржи на 16.06.2022 во 19ч, во спомен собата Браќа Миладиновци на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Експерименталната постмодерна поема од Стефан Марковски „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ е во издание на издавачката куќа „Полица“.

Оваа „екстрамодерна“ и „апартна“ поема си подигрува со границите на сето она што го чини креативниот процес, „стрелата на времето“ и еволутивниот творечки и технолошки развој, модалитетите на создавањето и пишувањето, дури и оние на авторството во еден роланбартовски хиперреален постмодернизам, каде како автор на едно книжевно-уметничко дело може да се јави, макар и симболично или метафорички, „вештачкоинтелигентен софтвер“.

Во духот на оваа „екстрамодерна постмодерна“ која е предмет на книжевно-уметничко истражување, уште во самиот вовед е кажано следново:

„Поемата во слободен стих Алгоритмеа е дело генерирано во 2072 година за интервал од вкуп- но 0,0325 секунди од страна на вештачка интели- генција, имено, софтверот Аполон СМ-165, кому за оваа работа му беа потребни 0,0325 секунди по отворањето на фајлот Аполон СМ-165.exe.“

In medias res, како што кажува и насловот, станува збор за еден par excellence постмодернистички текст-идеја со дејството сегментирано во пет поглавја: Пролог, Ars Dionysica vs. Ars Apollonica, Ars Informatica, Dionysia Posthumana и Евлогија за Либер.

На почеток