Актуелно

Русија го контролира поголемиот дел од Северен Доњецк

Русија го контролира поголемиот дел од Северен Доњецк, соопшти британското Министерство за одбрана.

Според нив, оваа доминација се случува по едномесечни интензивни борби кои предизвикаа „голема колатерална штета“ во стратешки важен град во источна Украина.

Во својот последен извештај денес, Министерството истакна дека е малку веројатно Русија да очекува „силен отпор“ или „исцрпувачки конфликт“.

Британското министерство укажа и на проблемите на „неколку стотици цивили“ кои заедно со украинските војници се кријат во подземните бункери на хемиската фабрика Азот.

Русија денеска соопшти дека ќе овозможи безбедно евакуација на цивилите и побара од украинските војници да го положат оружјето и да се предадат, јави Би-Би-Си.

На почеток