Македонија

Османи останува оптимист за преговорите со ЕУ: Има доволно денови

Бујар Османи смета дека има доволно време за Бугарија да го откочи патот на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека разговорите со соседот можат веднаш да продолжат, но тие треба да дадат знак. Одговорноста, според Османи, е кај Европската Унија, а не кај Македонија.

„Доколку се има политичка волја, има доволна основа да се постигне договор. Ние имаме волја, спремни сме веднаш да продолжиме со разговорите. Чекаме друга страна да имаме за да продолжиме со тие разговори. Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ, за тоа каква порака ќе прати на граѓаните на Западен Балкан. Од нас не се очекува да донесеме одлука. Сметам дека има доволно денови и основа доколку се има политичка волја“, кажа Османи.

За прашањето за Северна Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

Софија е важно која порака ќе ја прати кон 18 милиони жители на Западен Балкан, смета Османи кој кажа дека веќе утре може да има договор меѓу двете држави.

„Доколку не се успее да се постигне договор, тотално неважно е кои се различните ставови во процесот. Доколку се успее ќе се каже. Доколку не се успее можеме мемоари да пишуваме. Ние сме спремн

На почеток