Тачи не планира да се повлече од претседателската позиција во ДПА
Мендух Тачи во врска со претстојниот Конгрес на партијата на кој треба да се бира претседател на ДПА, во утринското гостување на Утрински брифинг, изјави дека веројатно нема да има промена на претседателската позиција.
„Јас не сум одлучил дали ќе се кандидирам, но од морален аспект не можам да му речам на членството дека ќе се повлечам. Знаете, турбуленции има на конгреси на големите партии каде има големи интереси, вели Мендух Тачи, лидерот на ДПА.
Тој додаде дека малите политички партии на Албанците кои се појавија во последно време набргу ќе исчезнат и ќе останат само два политички субјекта, а едниот од нив е ДУИ – која е константа на власт веќе предолго време, додека другиот според Тачи ќе биде ДПА која ќе почне да зајакнува.