Македонија

И го украла накитот, па ја нападнала, приведена 19 годишна битолчанка

На 14.06 2022 околу 16.00 часот во ОВР Кичево била приведена С.К.(19) од Битола, која претходно влегла во домот на Е.Е. од Кичево и одзела пари, мобилен телефон, накит и други предмети.

Откако била забележана, С.К. физички ја нападнала оштетената и избегала. Одземените предмети биле вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток