Свет

„На Украина треба да и се даде статус на кандидат за членство на ЕУ што поскоро“, вели претседателот на Романија

Романскиот претседател Клаус Јоанис денеска изјави дека да се даде на Украина статус на кандидат за членство во Европската Унија би бил вистинскиот потег.

Тој додаде дека одлуката би можела да биде донесена до крајот на јуни, пренесува Ројтерс.

„Според мене, статусот кандидат треба да и биде доделен на Украина што е можно поскоро, тоа е вистинското решение од морална, економска и безбедносна гледна точка“, рече Јоанис по разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон.

На почеток