Свет

НАТО ќе продолжи со опремувањето на украинските воени сили со оружје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска оцени дека фокусот на Алијансата во односите со Украина е на поддршката во борбата против „бруталната руска инвазија“.

Тој, исто така, најави продолжување на опремувањето на украинските воени сили со смртоносно оружје, вклучувајќи тешко оружје и системи со долг дострел.

„Иако Украина е кандидат за членство во НАТО, фокусот на Алијансата е да помогне во борбата против бруталната руска инвазија“, рече Столтембрег.

Пред дводневниот состанок на министерот за одбрана на НАТО, генералниот секретар на Алијансата рече дека со украинскиот министер за одбрана ќе разговара за видовите потребни оружја и начините на испорака и најави договор за сеопфатен пакет помош за Украина за самитот на НАТО во Мадрид.

Столтенберг во Брисел повтори дека војната на Русија против Украина претставува најголема закана за евроатлантската безбедност во последните децении, обвинувајќи ја Русија дека е одговорна за „смрт, уништување и последици, вклучително и кризи со храна и енергија“.

„Во таков опасен свет, мораме да го направиме НАТО посилен и да им помогнеме на нашите партнери уште повеќе. Ќе донесеме одлуки за долгорочното позиционирање на НАТО за да се осигураме дека можеме да го браниме секој дел од сојузничката територија во секое време и од каква било закана“, Столтенебрг кажа.

Тој наведе дека, покрај тоа што ќе продолжи да ја поддржува Украина и да се зајакне, особено во Источна Европа, НАТО ќе продолжи да дава практична помош за другите партнери, вклучувајќи ги БиХ и Грузија.

На почеток