Свет

(Видео) Борис Џонсон го нарече Путин е**н идиот

Борис Џонсон го нарече Владимир Путин „идиот“ и му рече на рускиот лидер дека повеќе нема империја. Како што пишува „Телеграф“, овие изјави поранешниот британски премиер ги дал во интервју откако истакнал дека Украина и другите источноевропски земји никогаш нема да се вратат во „руската империја“.

Тој, исто така, предупреди дека Западот се „повлекува“ и дека Доналд Трамп нема да направи ништо за да и помогне на Украина доколку членките на НАТО не почнат да трошат повеќе за одбрана.

Џонсон за балтичкиот медиум „Делфи“ изјави дека тоа што го прави Путин е варвар.

„Она што го прави Путин е архаично и варварско и тој мора да разбере дека Естонија, Латвија, Литванија – ниту една од овие земји повеќе не е дел од руската империја. А ниту Украина“, рече поранешниот британски премиер Борис Џонсон до Путин.

„Готово е – готово, готово, готово. Нема веќе империја, Владимир, е*ан идиоту“, рече тој, за потоа да се извини за погрдните зборови.

Во вториот дел од интервјуто, Џонсон ги предупреди светските лидери дека треба да ги обноват напорите Украина да стане членка на НАТО за да се спречи идна руска инвазија. „Луѓето престанаа да зборуваат за тоа. И мислам дека тоа е голема, голема загуба бидејќи Западот повторно се повлекува“, рече тој.

„Треба да бидеме многу поодлучни. Нема да го решиме проблемот со Украина без гаранции од членот 5 или долгорочно членство во НАТО.

На почеток