Македонија

Ќерката Пановска и дала тендер на веледрогеријата др. Пановски, сопственост на нејзиниот татко, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Премногу е, ќерката Пановска му дава тендери на таткото Пановски, а институциите молчат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Клиниката за Хематологија, каде директор е Ирена Пановска Ставридис, и дала тендер на веледрогеријата др. Пановски, сопственост на таткото на директорката на Хематолигија. Договорот кој е склучен на 6 јуни оваа година тежи 900.000 евра.

Ова не е прв договор кој сопственикот на др. Пановски го добива од својата ќерка. ДКСК отвори случај пред неколку години, кој се уште нема завршница за тендери во висина од 3 милиони евра кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски.

Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата др. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, директор на Клиниката за Хематологија од истата таа клиника се чист судир на интереси, и смрдат на корупција.

Ќерката Пановска како директор има комплетен увид во постапките за јавни набавки и постои сомнеж дека може да влијае врз изборот на фирма со која ќе се склучи договор за набавка.

Дополнително, ќерката Пановска може да го доведе таткото Пановски во предност пред другите потенцијални понудувачи со тоа што предвреме ќе го известува за суштински работи поврзани со постапката за набавка.

ДКСК која 3 години молчи за непотизмот и корупцијата во Клиниката за Хематологија веднаш да ја продолжи постапката, а ЈО да отвори случај за потенцијални кривични дела.

Премногу е, додека бизнисите на народот тонат, тие на семејствата на функционерите од СДСМ и ДУИ да вртат милионски тендери. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

На почеток