Скопје

(ВИДЕО) До темел изгореа три магацини во Лисиче, детали за пожарот кој се гаснеше до утрово

Доцна синоќа избувна пожар во скопската населба Лисиче.

Според првичните информации три магацини се целосно изгорени.

Според иформациите кои ги има “Скопје1”, изгорел магацин на на фабрика за производство на мебел, вториот магацин е на фабрика за производство на слатки и третиот е магацини на фабрика за производство дистрибуција и продажба на мраз салфети, цевки и други производи.

Гасењето на пожарите започна вчеравечерта. Eкипи на територијалната противпожарна единица со пет возила беа на терен, веќе 12 часа, поради можност пожарот повторно да избувне. Утрово над тој дел од Скопје надлетуваше и хеликоптер, но не е познато дали од воздушен пат. Местото се обезбедува и од полиција.

На почеток