Полицијата пред косовското Собрание, протест на ветерани на ОВК
Десетици ветерани на ОВК се собраа на плоштадот Скендербег во Приштина за да го изразат своето противење на усвојувањето на предлог-законот за зголемување на минималната плата.
Во предлог-законот е испуштено зголемување на нивните пензии.
Вршителот на должноста претседател на Организацијата на воените ветерани на ОВК, Фатон Клинаку, на Фејсбук објави дека ќе биде организиран автобуски превоз со цел на протестот да се приклучат и ветерани од цело Косово.
Пред почетокот на протестот, бројни полициски сили беа забележани околу зградата на Собранието, каде што ќе се одржи протестот.
Косовската полиција вчера соопшти дека се преземени сите неопходни мерки и дека се сретнале со претставници на ОВК со цел протестот да помине без инциденти.