Актуелно

„Украина да ја преиспита својата позиција за признавање на Косово“, вели Рама

За време на престојот во Киев, Еди Рама ја повика Украина да ја преиспита својата позиција за признавање на Косово, бидејќи, како што изјави, „тој народ го заслужува тоа“.

Премиерот на Албанија, Еди Рама за време на својот говор на средбата со неговиот украински колега Денис Шмихал, го привлече вниманието на Косово и истакна дека Украина се уште не го признала Косово, пренесува Албаниан пост.

„Би било добро Украина да ја испрати вистинската порака за новата европска реалност што сакаме да ја изградиме“, рече Рама.

Претходно на прес-конференцијата Рама изјави дека Косово му дава целосна поддршка на Киев и покрај тоа што Украина се уште не го признала.

На почеток