Хабек: Русија бара изговор да ја зголеми цената на гасот
Од
Објавено на
Објаснувањето на Русија за намалувањето на испораките на гас преку Северен тек 1 е изговор за сеење неизвесност и зголемување на цените, смета германскиот министер за економија и енергетика Роберт Хабек откако Газпром објави дека дополнително ќе го намали капацитетот на гасоводот.
„Во моментов од пазарот можеме да ги купиме потребните количини, но по повисоки цени“, изјави денеска Хабек, додавајќи дека снабдувањето е сигурно, нагласувајќи дека заштедата на енергија е приоритет, пренесува Ројтерс.
Тој потврди дека германската влада ќе преземе соодветни мерки, „ако е потребно“.