На Миконос 36,98% од направените ковид тестови се позитивни
На грчкиот остров Миконос 36,98 отсто од направените ковид тестови се позитивни изминатата седмица. Ова го покажуваат официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ).
Тоа претставува зголемување за 14 отсто на позитивните случаи споредено со претходната седмица.
Информациите од Грција се дека стапката на позитивност загрижувачки податоци покажува во дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 отсто, како и островот Милос со 15,7 отсто.
Во конкретниот период стапката на позитивност во Грција е 6,18 отсто, од вкупно 556.948 лабораториски тестови.
Од почетокот на пандемијата во земјата се проценува дека има 144.221 реинфекции, а починаа 30.049 лица.