Скопје

Бектеши: Данела и ВМРО-ДПМНЕ пред шест месеци први излегоа со „решение” за парното греење, а сега бегаат од одговорност

Пред неколку месеци, поточно пред шест месеци, имавме голема криза заради цената на гасот која енормно растеше на светски берзи и имаше опасност Скопјани да останат без парно греење, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалникчката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат “решение” како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија.

Успеавме да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно. Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за Скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните.

Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заеедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со “решение”за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту воља да се справат со оваа ситуација.

Сакаме да ги увериме Скопјани и покрај неодговорноста на градоначалничката, Скопјани и сите граѓани да бидат спокојни бидејќи навремено ги превземаме сите неопходни мерки кои обезбедуваат непречено и континуирано снабдување со парно греење, како и со електрична енергија во услови на светска економска криза“, додава тој.

На почеток