Свет

Украински проектили погодија руска морнарица на пат кон Змискиот остров

Украински проектили денеска погодија руска морнарица на пат кон Змискиот остров, тврди гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко.

Бродот „Василиј бег“ превезувал војници, оружје и муниција на Змискиот остров, изјави Марченско, пренесува Ројтерс.

Островот се наоѓа јужно од регионот Одеса и е под руска контрола.

Жестоки борби се водат околу островот на крајниот запад на Црното Море од почетокот на војната во Украина.

На почеток