Македонија

Во април издадени 44,6% повеќе одобренија за градење во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44.6 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 474 500 илјади денари, што е за 58.7% повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (11.0 %) за објекти од нискоградба и 101 (30.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 337 објекти, на 199 (59.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138 (40.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61 866 м2.

На почеток