Свет

Кадиров остро ги отфрли обвинувањата дека Путин е во кома: Затворете ја устата

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров остро ги отфрли обвинувањата дека Владимир Путин е во кома.

Ова ги збуни некои од неговите следбеници на Телеграм, бидејќи веста ja објавиja само неколку помали портали. Но, Кадиров реши да се справи со нив.

„Тие приказни за Путин во кома се целосна глупост. Неодамна разговаравме и морам да ви кажам дека ми звучеше добро. Тој е подготвен да стави крај на специјалната воена операција без да му наштети на украинскиот народ и нивната држава“, рече Кадиров, пренесува Newsweek.

„Сакам драгиот Алах да му подари на нашиот претседател долг живот, како и многу здравје и среќа. Сите што шират такви гласини, имам мал совет за вас. Престанете и затворете ја устата“, заклучи чеченскиот лидер.

На почеток