Повторно земјотрес во Црна Гора
Од
Објавено на
Сеизмолошкиот завод на Црна Гора регистрираше нов послаб земјотрес со епицентар на четири километри источно од Бар.
„Јачината на земјотресот е три степени според Рихтеровата скала, што одговара на интензитетот на епицентарот од 4 степен од Меркалиевата скала (МЦС)“, се наведува во соопштението.
Според првичните податоци, епицентарот се наоѓал на длабочина од 14 километри.
„Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија.