Силен земјотрес во Русија

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во водите на Бајкалското Езеро во областа Иркутск.
Ова го соопштија и од подрачното одделение на Министерството за вонредни состојби.
Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри од местото Бољое Голустноје, пренесува Интерфакс. За сега нема информации за материјални штети.
