Додик: „Путин ме покани на нов состанок во септември“
Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик вчера во Санкт Петербург се сретна со Владимир Путин.
Додик за РТРС изјави дека средбата со Путин била полна со разбирање и отвореност, дека се разговарало за повеќе теми, пред се политички, како што е улогата на Русија како гарант на Дејтонскиот договор.
Тој посочи дека го информирал Путин дека Кристијан Шмит се претставува како висок претставник во БиХ, иако Советот за безбедност на ОН нема одлука за неговото именување. Додик рече дека се разговарало и за важни инфраструктурни прашања и дека е потврдена одлуката за изградба на гасовод во Српска и две електрани, едната во близина на Приједор, а другата во близина на Бања Лука.
Тој рече дека го информирал и претседателот на Русија дека се воведуваат санкции за луѓето од Република Српска, вклучувајќи го и него. Додик истакна дека Путин го поканил на нова средба во септември, на која ќе се разговара за реализација на проекти.
„Русија останува важен фактор за одлучување во Советот за безбедност на ОН“, рече Додик по учеството на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Агенцијата РИА Новости објави дека Додик и се заблагодарил на руската страна за соработката во енергетскиот сектор.
„Ви благодариме што дозволивте да се задржи цената на гасот. Се обидуваме да ја одржиме нашата политика без влијание. Не сакавме да се приклучиме на санкциите“, рече Додик, пренесе агенцијата.