Актуелно

Петков: Македонија нема да ги започне преговорите пред да го смени својот устав

Македонија треба прво да ги внесе Бугарите во Уставот, па потоа да ги почне преговорите. Ова го потврди бугарскиот премиер Кирил Петков по повод францускиот предлог за кревање на ветото кој стигна во Софија.

Тој изјави дека можно е следната недела да отиде во Брисел на состанокот на Европскиот совет и да опстои на ветото ако бугарскиот парламент не донесе одлука за францускиот предлог.

„Првите услови со Република Северна Македонија беа 5+1. Со објавувањето на нов пристап со пријателски начин на зборување, тие веднаш се согласија и тоа стана 4+1 без да бараат реципрочна акција од Бугарија. Второто што се случи, во францускиот предлог, иако не сум го прочитал, ќе има гаранција за Бугарите во Република Северна Македонија од антидискриминација и Република Северна Македонија нема да ги започне преговорите пред да го смени својот устав и Бугарите да станат дел од народите кои што ја претставуваат таа држава“, изјави Петков интервју за „БНТ“

На почеток